Халанд за 175-те милиони на Челси: Па, тоа се многу пари!

Халанд за 175-те милиони на Челси: Па, тоа се многу пари!

пред 3 години

Ерлинг Халанд одговори на бројните шпекулации кои го поврзуваат со супер-богат трансфер во Челси од 175 милиони евра, откако Норвежанецот призна дека тоа се „многу пари“.

Младиот ас на Борусија Дортмунд останува еден од најпосакуваните таленти во светскиот фудбал, откако постигна 57 гола во 59 настапи за германскиот клуб, и шпекулациите велат дека Томас Тухел и Челси се први по неговиот потпис и покрај интересот на двата клуба од Манчестер. Халанд вели дека не се сретнал со својот агент Мино Рајола и дека се работи за обични шпекулации.

„Не сум зборувал со мојот агент цел месец, и мислам дека тоа е доволен разговор. Мислам дека се работи за обична шпекулација и дека тоа се многу пари за еден фудбалер. Прво имам уште три години од договорот и уживам тука“, изјави Халанд.

Дортмунд веќе го одобрија трансферот од 73 милиони фунти на Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед, и се верува дека не се подготвени да го пуштат и 21-годишниот Халанд ова лето, иако сумата од 175 милиони евра секако е примамлива.

Share
Scroll to Top