Заврши ерата на Боби Диксон во Фенербахче

Заврши ерата на Боби Диксон во Фенербахче

пред 1 недела

Еден од најдобрте плејмејкери во Евролигата во последните неколку години – Боби Диксон (38) по 6 години го напушти тимот на Фенербахче. Српскиот стратег Александар Ѓорѓевиќ кој е новиот предводник на „црно-жолтите“ се откажа од услугите на американскиот ветеран.

Диксон беше дел од составот предводен од Жељко Обрадовиќ кој се искачи на европскиот трон, а освои и 3 титули во турскиот шампионат. Доби и турско државјанство, па го промени името во Али Мухамед и заигра за селекцијата на Турција на Евробаскетот во 2015 година и во квалификациите за СП.

„Боби беше еден од главните архитекти на нашиот успех. Покрај настапот на теренот, беше и пример за важноста на напорната работа и неоткажувањето. Остави неизбришлива трага во дресот на нашиот национален тим кој секогаш со гордост го носеше. Никогаш нема да го заборавиме“ – се вели во соопштението од клубот.

Покрај дресот на Фенербахче, тој играше и за Каршијака, ле Ман, Бриндизи, Асвел, Бенетон.

По потекло е од Чикаго, студираше на Кентаки универзитетот и никогаш не играл во НБА лигата.

Share

Beyblade V-Force (Dub) Episode 51

Website https://animeflix.nl: Watch Ghost in the Shell 2.0 animeflix Episode Full animeflix attack on titan

Watch Butt Detective: A Wind-Breaking Victory Dance Episode Full

KissAnime: Pupa anime episode 12 online free at https://kissanime.mx gogoanime tv kissanime

Vi gravatar: https://vi.gravatar.com/gogoanimebe

Mixcloud: https://www.mixcloud.com/gogoanimebe/

Scroll to Top