За Ромео Бекам постојат „посебни“ инструкции, критичарите велат игра како мајка му!

За Ромео Бекам постојат „посебни“ инструкции, критичарите велат игра како мајка му!

пред 3 години

Тренерот на Интер Мајами, Фил Невил открива дека неговиот поранешен соиграч, а сега работодавец Дејвид Бекам му порачал да биде „поцврст“ со еговиот син Ромео Бекам, кој во неделата дебитираше за американскиот третолигаш Форт Лодердејл, иако снимките на кои игра 19-годишиот син на Бекам покажаа дека засега му недостасуваат квалитетите на неговиот татко.

Тинејџерот стартуваше за Форт Лодердејл и одигра 79 минути при 2:2 ремито со Саут Џорџија Тормента и по дебито, Невил вели дека Бекам се осигурал неговиот син да нема „повластена“ улога.

„Прво нешто што ми го кажа Дејвид беше: ‘Мораш да бидеш поцврст со него. Тој мора да работи понапорно за да влезе во тимот бидејќи ќе има прашања и очекувања’. Мислам дека беше добар, а беше планирано да игра 45 минути и одигра речиси 80. Знае дека има многу простор за развој и има карактер за тоа, бидејќи не е лесно да си професионален фудбалер“, вели Невил.

Харви Невил, неговиот син, исто така е дел од тимот, и Фил Невил оценува дека ситуацијата е иста.

„Харви знае дека во тимот не е различен од било кој фудбалер, исто како и Ромео“, додава Невил.

На социјалните мрежи пак беа безмилосни – малкумина беа импресионирани од додавањето на Бекам јуниор, а најсаркастичниот коментар беше дека ги наследил квалитетите, но не неговиот татко, туку на неговата мајка, поп-пејачката Викторија Бекам.

Ромео Бекам го имаше своето фудбалско деби

 

Share
Scroll to Top