Зверев на поранешната девојка и велел: Јас заработувам, ти си никој и ништо

Зверев на поранешната девојка и велел: Јас заработувам, ти си никој и ништо

пред 4 години

Поранешната девојка на германската тениска ѕвезда Александер Зверев, Олга Шарипова откако минатата недела го обвини за насилство и злоставување, продолжува да објавува шокантни информации за нивната врска, сега тврдејќи дека била „емоционално злоупотребувана“.

Во интервју со познатиот тениски новинар, Бен Ротенберг, 23-годишната Шарипова вели дека постоеле постојани расправии со Зверев, кои понекогаш прераснувале и во физичка пресметка. Зверев вчера ги отфрли сите обвинувања.

„Првпат тоа се случи во Монако во неговиот апратман. Сакав да заминам по голема расправија, стоев во ходникот и тој ми ја удри главата во ѕидот. Велеше дека јас прва сум го удрила, но тоа не беше така. Тие 13 месеци беа навистина токсични. Тој ми кажуваше страшни работи: ‘Ти си никој и ништо, не си направила ништо во животот, јас сум супер-успешен и имам пари’. Немав време за живот. Една од главните причини за ова беше тоа што не му посветував целосно внимание“, вели Шарипова.

Таа вели дека не планира да го тужи тенисерот, но дека само „сака да ја каже вистината“.

Share
Scroll to Top