Контроверзноста околу израмнувачкиот гол на Џуд Белингам во четвртфиналниот натпревар помеѓу Англија и Норвешка продолжува, а сега се огласи и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
По пресвртот, Англија победи со 2:1 и се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство, каде што ќе игра против Аргентина, која ја елиминирана Швајцарија.
Сепак, најголемо внимание привлече ситуацијата што му претходеше на израмнувачкиот гол, кога топката наводно го сменила правецот откако допрела до кабел од камерата над теренот.
„Не ме интересира дали е првата или 90-та минута. Правилата се правила. Ако топката го погоди кабелот од камерата и го промени својот пат, тоа е надворешно влијание врз играта. Судијата мораше веднаш да го прекине натпреварот!“, рече Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот верува дека во целата приказна премногу се зборува за завршницата на Белингам, а премалку за тоа дали воопшто било дозволено акцијата да продолжи.
„Сите зборуваат за завршницата на Белингам. Во ред, беше добра. Но, прашањето е: Дали воопшто беше дозволено тој напад да продолжи? Според правилата, не.“
Ибрахимовиќ предупредува дека фудбалот не смее да отстапува од сопствените правила поради привлечноста на моментот.
„Фудбалот не смее да стане игра каде што ги игнорираме законите само затоа што голот изгледа спектакуларно.“ Конечно, тој повлече паралела со можно обратно сценарио.
„Доколку Норвешка го постигнеше истиот гол против Англија, ќе имаше општ хаос насекаде. Не можете да барате од играчите да ги почитуваат правилата на играта, а потоа да ги игнорирате кога ви одговара.“
Легендарниот напаѓач верува дека единствената правилна одлука била да се запре играта и да и се додели топката на Норвешка.
Foto/ EPA






