Играчите на Црвена звезда ги добија премиите за победата над Штутгарт

Играчите на Црвена звезда ги добија премиите за победата над Штутгарт

пред 1 година

Фудбалерите на Црвена звезда добија добри премии за победата на Штутгарт во Лигата на шампионите. Според српските медиуми ќе бидат финансиски наградени и доколку изборат поволен резултат утре на „Сан Сиро“ против Милан.

За убедливата победа над Штутгарт (5:1), стартерите добија по 65.000 евра, а оние кои беа на клупата за резерви 32.000 евра.

УЕФА секоја победа ја наф=градува со 2.100.000 евра, што значи дека клубот нешто повеќе од еден милион им подели на фудбалерите. Секако, наградени беа и сите членови на стручниот штаб.

Натпреварот Милан – Црвена звезда во 6. коло во Лигата на шампионите се игра во среда на 11 декември од 21 часот.

Share
Scroll to Top