Идеалниот тим на ветерани – Пандев и Роналдо го предводат нападот

Идеалниот тим на ветерани – Пандев и Роналдо го предводат нападот

пред 3 години

Италија и Турција, синоќа во Рим, го отворија 16.Европско првенство. Натпреварот заврши со победа на Италија 3:0.

Синоќешниот натпревар најави дека до 11.јули, на ЕУРО 2020 навивачите ќе можат да уживаат во убавините на фудбалската игра. На турнирот играат најголемите ѕвезди не само на европскиот, туку и на светскиот фудбал. За голем број од нив ова ќе биде последно ЕП.

„Сан“, го состави најдобриот тим на фудбалери за кои се претпоставува дека последен пат играат на едно ЕУРО.

На голот е Украинецот Пјатов. Во одбраната се Словакот Пекарик, Италијанецот Кјелини, односно Гранквист од Шведска и Пепе од Португалија.

Во формацијата 4-3-3, во редот за врска се Спрај (Финска), Ларсон (Шведска) и Лука Модриќ од Хрватска, а во нападот покрај Кристијано Роналдо и Белгиецот Дрис Мертенс е и македонсиот капитен Горан Пандев.

Инаку, со 38 години, највозарасен играч на ЕУРО е холандскиот голман, Мартин Стекеленбург.

Share
Scroll to Top