Инграм и Адебајо добија максимални договори

Инграм и Адебајо добија максимални договори

пред 7 месеци

Брендон Инграм и Бем Адебајо добија максимални договори од своите клубови, Њу Орлеанс Пеликанс, односно Мајами Хит.

Инграм, ќе „лета“ со Пеликаните во наредните пет години за 158.000.000 долари, додека Адебајо за истиот период ќе заработи 5.000.000 долари повеќе од крилниот играч на Њу Орлеанс.

Брендон Инграм е четвртиот кошаркар од „класата 2016“, кој во овој период доби максинален договор. Пред него богати договори потпишаа Паскал Сијакам (Торонто Репторс), Бен Симонс (Филаделфија ’76) и Џамал Мареј (Денвер Нагетс).

Инграм, минатата сезона од Лос Анџелес Лејкерс се пресели во Њу Орлеанс Пеликанс. Тој беше дел од размената на двата тима која го однесе Ентони Дејвис во Лос Анџелес.

Минатата сезона имаше најдобри бројки на теренот, во кариерата (23,8 поени, 6,1 скока и 4,2 асистенции). На крајот од сезоната е прогласен за кошаркар кој најмногу напредувал.

Пеликанс, во преодниот рок, се засилија со Ерик Бледсо од Милвоки Бакс и Стивен Адамс од Оклахома сити Тандер, а на драфтот го избраа Кир Луис.

Бем Адебајо, минатата сезона, за Мајами Хит, бележел 15,9 поени и 10,2 скока по натпревар. Овие бројки му овозможија прв пат во кариерата да настапи на „Ол Стар“ натпреварот.

Адебајо, 14 пик на драфтот во 2017 година е четвртиот играч од оваа класа, кој од својот тим, во овој преоден рок добил максимален договор. Претходно тоа се случи со Донован Мичел (Јута Џез), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс) и Диерон Фокс (Сакраменто Кингс).

Договорот на Адебајо може да достигне и 195.000.000 долари, доколку во 2021 година биде избран во најдобрата петорка во лигата, или доколку биде прогласен за МВП на сезоната, или биде најдобар дефанзивец во лигата.

Share

AnimeTV anime tv shows website: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 13

AnimeHeaven anime: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 1 (https://animeheaven.pro/m/NpmK/ep-1)

Scroll to Top