Кавај Ленард го одигра  најдобриот меч во кариерата – ЛА Клиперс славеа против Детроит

Кавај Ленард го одигра најдобриот меч во кариерата – ЛА Клиперс славеа против Детроит

пред 4 часа

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс славеа над лидерот во Источната конференција, Детроит со 112:99. Клиперс ја забележаа четвртата победа, што е најдолга победничка низа за нив оваа сезона.

Клиперс до победата над Пистонс ги предводеше Каваи Ленард. Поранешниот МВП, со Сан Антонио, го одигра најдобриот меч во кариерата, постигна 55 поени, 26 од нив во третата четвртина. Ленард во статистиката запиша и 11 скокови и пет украдени топки.

Каваи Ленард ја игра својата 14-та сезона во НБА. Има 34 години и двапати беше шампион, во 2014 година со Сан Антонио Спарс и во 2019 година со Торонто Репторс. Исто така, шест пати се појави во натпреварот на сите ѕвезди.

Ленард стана вториот играч во историјата на Клиперси кој постигнал 40+ поени во два натпревари по ред. Првиот е легендарниот Боб Макаду, но тогаш Клиперси играа на другата страна од Америка, во Бафало, како Брејвс.

Резултати:

Торонто – Голден Стејт 141:127
/Квикли 27 – Кари 39/

Оклахома – Филаделфија 129:104
/Холмгрен 29 – Макси 28/

Портланд – Бостон 114:108
/Шарп 26 – Браун 37/

Вашингтон – Мемфис 116:112
/Сар 20 – Џексон 31/

ЛА Лејкерс – Сакраменто 125:101
/Дончиќ 34 – Дерозан 22/

Share
Scroll to Top