Калиниќ по 6 сезони се враќа во Црвена Звезда

Калиниќ по 6 сезони се враќа во Црвена Звезда

пред 3 години

Српскиот кошаркарски репрезентативец Никола Калиниќ (30) се враќа во редовите на белградска Црвена Звезда, соопштено е на официјалниот сајт на клубот.

Популарниот „Калина“ потпишал двегодишен договор со „црвено-белите“ и тој би требало да претставува големо засилување за екипата во наредната сезона во која ќе настапуваат на 4 фронта.

„Клубот изразува големо задоволство со фактот што Никола одби неколку побогати понуди на клубови од Евролигата и одлучи да се врати во клубот со кој ја освои првата тројна круна“ се вели меѓудругото во клупското соопштение.

Пред 6 сезони Калиниќ настапуваше за Звезда, во сезоната 2014/2015, по што следуваше трансфер во фенербахче, додека претходната сезона го носеше дресот на шпанска Валенсија.

Покрај клупските активности, беше дел и од селекцијата на Србија со која освои медали на СП 2014 и на ОИ 2016 година.

Неофицијално, во Звезда ќе заработува по 500.000 евра по сезона.

Share
Scroll to Top