Карагер: Избркајте го Погба, тој е преценет играч

пред 2 години

Пред решавачкиот натпревар за пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед го тресат приказните за заминувањето на Пол Погба. Менаџерот на фудбалерот, контроверзниот Мино Рајола, пред неколку дена, во едно интервју најави дека неговиот клиент по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“. Иако оваа тема доаѓа во незгоден период, се добива впечаток дека навивачите на „црвените ѓаволи“, со нетрпение го чекаат денот кога Погба ќе замине од клубот. Во негативен контекст за 27-годишниот фудбалер, говорел и поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер. „Избркајте го веќе еднаш! Цела година го зборувам ова! Тој е нај преценетиот играч што сум го видел во животот“, рекол Карагер. „Тие двајца се невиден срам (Погба и Рајола)! Сега сите ќе кажат дека за ваквиот настап е виновен менаџерот и потоа сите новинари ќе го прашуваат Погба што мисли тој? Но, во денешно време, фудбалските менаџери не се само менаџери, тие се и родители, најдобри пријатели, финансиски советници, партнери кои резервираат аранжмани за годишени одмори…Тие двајца имаат токму таков однос. Тој е најдобриот пријател на Погба, што значи дека Погба многу добро знае какви изјави Рајола може да даде во јавноста. Доколку тоа не е така, сега треба да му даде отказ на Рајола“. Карагер мисли дека во моментов не постои сериозен клуб кој би го ангажирал Погба.

Share

Go 88 | Cổng Game Đổi Thưởng Go88 Online Hàng Đầu play tải go88 nạp tiền go88 bị từ chối

giftcode sunwin sunwin b52 sunwin md5

Scroll to Top