Карагер и Невил: Немаше пенал за Англија

Карагер и Невил: Немаше пенал за Англија

пред 2 дена

Англија е вториот финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја победија Холандија со 2:1. Во финалето за титулата европски првак ќе се борат со Шпанија.

Холанѓаните рано поведоа со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс кој во 90. минута погоди за второ последователно евро-финале за Англија.

Сепак, според многумина, пеналот досуден за Англија е многу контроверзен. Контакт помеѓу Кејн и Дензел Дамфрис постои, но дојде откако Кејн веќе упати удар кон голот и промаши.

Судијата Феликс Цвајер, доби повик од ВАР собата и откако ја прегледеа целата ситуација досуди пенал.

Мислењата се поделени, но има и такви кои сметаат дека тоа не е пенал меѓу Англичаните.

„Ова никогаш не е пенал“, објави Џејми Карагер, поранешен англиски репрезентативец, на социјалната мрежа „X“. Со него се сложи и неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата Гери Невил, кој за казната рече: „Апсолутен срам, како дефанзивец морам да го кажам тоа“.

Share
Scroll to Top