Карпин: Ситуацијата е безнадежна, мирот мора да дојде

Карпин: Ситуацијата е безнадежна, мирот мора да дојде

пред 3 години

Рускиот селектор, Валериј Карпин побара мир и посочи дека жалбата пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) за да им се дозволи да играат бараж за Мундијалот е „барање на надеж во безнадежна ситуација“.

Карпин и руската репрезентација ќе почнат седумдневен тренинг-камп во Москва со малку надежи дека ќе им се дозволи да го играат баражот со Полска за Катар 2022, откако ФИФА и УЕФА ги суспендираше руските репрезентации и фудбалски клубови.

„Искрено, немаше шок, кога ова е случи, веднаш и кажав на мојата сопруга дека нема да ни дадат да играме бараж. Не можам да го наречам тоа логична одлука. Дали се надевам дека ќе играме по одлуката на ЦАС? Да се надеваме дека можеме да се залажуваме. Тоа е барање надеж во безнадежна ситуација“, објасни Карпин.

Карпин го замени Станислав Черчесов во јули 2021 година, а Русија пропушти директен пласман на Мундијалот по последниот меч од квалификациите против Хрватска.

„Фудбалот е важен. Тој не зближува и обединува. Работите се тешки без него. Сакам репрезентацијата и клубовите да продолжат да играат. На глобална сцена, се надевам на крај на војната, на мир и луѓето да не умираат“, објаснува Карпин.

Share
Scroll to Top