Квалификации за ЛШ – гол на Адеми во првиот сезонски меч за Динамо Загреб

Квалификации за ЛШ – гол на Адеми во првиот сезонски меч за Динамо Загреб

пред 3 години

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми го постигна првиот погодок за Динамо Загреб на дуелот против исландски Валур во 1. Квалификациско за Лигата на шампионите.

Во 8. минута Адеми стрелаше прецизно по асистенцијата на Мајер, по изведениот корнер.

Динамо има предност од 2-0 на полувремето против Валур, стрелец на вториот погодок на загрепскиот клуб е токму асистентот Мајер, во 41 минута од пенал.

Иако Адеми требаше да добие поштеда за овој меч, исто како и голманот на „коцкастите“, Ливаковиќ, сепак Македонецот сакал да го игра мечот.

На клупата за резерви во првиот дел е уште еден македонски репрезентативец – Стефан Ристовски.

Еве го голот на капитенот на „модрите“:

Share
Scroll to Top