Кедира нема да замине во зимскиот преоден рок

Кедира нема да замине во зимскиот преоден рок

пред 8 месеци

Фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира, изјавил дека нема да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок. Поранешниот германски репрезентативец, нема одиграно ниту еден натпревар во мандатот на Андреа Пирло, додека минатата сезона кај Маурицио Сари забележал 18 настапи.

Договорот на Кедира со Јувентус истекува по завршувањето на сезоната. Германецот е еден од најплатените фудбалери во тимот. Се шпекулираше дека тој ќе замине во зимскиот преоден рок, но потврдил дека ќе остане во Јувентус до истекот на договорот.

„Сигурно нема да заминам во јануари. Ќе го почитувам она што го пишуа во договорот. Ќе бидам играч на Јувентус до јуни 2021 година“, изјавил за германската телевизија „ЗДФ“, Кедира.

„Ако немаш можност да дадеш се од себе на натпревар, тогаш се обидуваш тоа да го правиш на тренинзите. Кога ќе заминам, сакам навивачите на Јувентус да се сеќаваат дека бев одличен играч. Тоа кај Андреа Пирло е е така, но јас не сум лут. Разбирам како сака да игра тимот“, дополнил светскиот шампион со Германија.

Кедира неколку пати истакнувал дека сака да игра во Премиер лигата. Интерес за неговите услуги покажале Тотенхем и Евертон.

Share

AnimeFreak kiss x sis animefreak: Watch The Promised Neverland Episode 5 (https://animefreak.ws/m/Rv4e/ep-5)

AnimeHeaven anime heaven au: Watch Kuroko's Basketball 2 Episode 11

Scroll to Top