Кем Бирч потпиша договор со Фенербахче

Кем Бирч потпиша договор со Фенербахче

пред 1 недела

Канадскиот кошаркар Кем Бирч потпиша едногодишен договор со Фенербахче, соопшти клубот од Истанбул.

Бирч (31) вториот дел од минатата сезона го мина во шпанска Џирона, а претходно играше за Торонто, Орландо, Олимпијакос и Ушак. Тој имаше просек од 8,8 поени и 5,7 скока по натпревар за Џирона.

Канадскиот кошаркар е шестото засилување на Фенербахче во преодниот рок по Вејд Болдвин, Ертен Гази, Бонзи Колсон, Николо Мели и Девон Хол.

Кошаркарите на Фенербахче ќе се сретнат со Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 4 октомври.

Share
Scroll to Top