Кими го продолжи договорот со Алфа Ромео

Кими го продолжи договорот со Алфа Ромео

пред 4 години

Кими Раиконен и наредната сезона ќе се натпреварува во светскиот шампионат, во Формула 1. Финецот ја официјализирал соработката со Алфа Ромео за наредната сезона. Партнер во тимот и во 2021 година ќе му биде Антонио Џовинаци.

Алфа Ромео, пред трката за Големата награда на Емилија Ромања, која ќе се вози во Имола, објави дека Раиконен и Џовинаци ќе возат и наредната сезона.

Раиконен, во 2001 година дебитираше во овој тим во Формула 1. Тимот тогаш го носеше името Заубер. Тој во 2007 година стана светски првак како возач на Ферари. Во кариерата победил на 21 трка, а вкупно 103 пати завршувал меѓу најдобрите тројца.

Share
Scroll to Top