Хабиб: На Конор не му давам реванш и да ми понудат 5 милијарди долари

Хабиб: На Конор не му давам реванш и да ми понудат 5 милијарди долари

пред 3 години

Актуелниот УФЦ шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов за десет дена ќе го брани појасот против Џастин Гаетје. Иако медиумите шпекулираа дека наскоро би можело да има реванш од славната борба против Конор Мекгрегор, сепак, се чини дека такво сценарио е невозможно.

Хабиб пред неколку недели одби да учествува со Мекгрегор во исто реално шоу, а потоа ја појасни и својата одлука.

„Тоа би му донело големо внимание, а јас тоа едноставно нема да му го дадам. Да ми понудат 5 милијарди долари и да ми го понудат цел УФЦ, тоа никогаш не би го прифатил. Со него е готово. Се што имав со него да направам, направив на 6. Октомври 2018 година. Тој е завршена приказна“ – рече Нурмагомедов.

Дагестанецот пред 2 години го победи Ирецот во четвртата рунда. Освен тоа што борбата имаше неверојатна гледаноста, борбата ја одбележа и општата тепачка која настана непосредно по случувањата во октагонот, а во која учествуваа членови од двата табори.

Share
Scroll to Top