Ковид – жариште во Рим: Славевме лудо, сега мора да го платиме цехот!

Ковид – жариште во Рим: Славевме лудо, сега мора да го платиме цехот!

пред 3 години

Во римската населба Монтеверде се развило Ковид жариште. Повеќе од 90 луѓе кои во кафе-бар заедно го гледале мечот од ЕУРО2020 меѓу Италија и Белгија се заразени со вирусот, пишува „Кориере дела Сера“.

Членот на владата на регионот Лацио, каде што припаѓа и Рим – Алесио Д`Амато изјавил дека бројот на заразени најверојатно ќе расте.

„Славевме лудо, сега мора да го платиме цехот со зголемен број на заразени“ изјави тој.

Според пишувањата, инфицираните се млади луѓе на возраст меѓу 14 и 21 година.

Италијанската Влада се подготвува за „одлучувачката недела“.

Во наредните 7 дена треба да се одреди дали поради растот на бројот на заразени повторно ќе се воведат анти-ковид мерки.

Одлуката ќе се заснова на таканаречениот Рт – фактор или инциденца која се мери според бројот на заразени на 100.000 жители. Додека е тој фактор под 1, епидемиолошката ситуација се смета дека е под контрола.

Моментно во Италија Рт факторот изнесува 0.91.

Share
Scroll to Top