Младата Американка Коко Гоф победи на Ју-ес опен. Во големото финале, Гоф ја победи Арина Сабаленка со 2:1 (2:6, 6:3, 6:3). Мечот на „Артур Еш“ траеше два часа и осум минути.
Коко Гоф со спектакуларен пресврт успеа да дојде до својата прва грен слем титула во кариерата.
Сабаленка, која од понеделник ќе биде број 1 на ВТА листата, целосно доминираше во првиот сет. Без никаков проблем, со два брејка, дојде до 6:2.
Белорусинката подобро влезе и во вториот сет, но неразбриливо го загуби ритамот и дозволи на Гоф целосно да се врати во мечот со своите грешки.
Откако израмнинна 1:1 во сетови, полна со самодоверба, Гоф во решавачкиот сет експресно дојде до 4:0. По петтиот гем Сабаленка побара медицински тај-аут. Потоа и го одзеде сервисот на противничката, но повеќе од тоа не можеше.
Во гемот во кој сервираше за победа Гоф не загуби ниту еден поен.