Коман одбил да го продолжи договорот со Баерн

Коман одбил да го продолжи договорот со Баерн

пред 4 години

Човекот кој на Баерн, во август минатата година, му ја донесе титулата во Лигата на шампионите, Кингсли Коман, одбил да го продолжи договорот. „Кикер“, објави дека финансискиот дел од понудата не ги задоволила апетитите на Коман.

Договорот на Кингсли Коман со Баерн истекува во јуни 2023 година, меѓутоа во клубот имаат намера што поскоро да обезбедат нова, долгорочна соработка со крилниот напаѓач.

Челниците на клубот од Минхен, на францускиот репрезентативец му понудиле бруто плата од 12 милиони евра. Коман не бил задоволен од понудата, која без размислување ја одбил.

Прашање е како ќе реагира Баерн, бидејќи свеж е примерот со Давид Алаба, кој незадоволен од финансиската понуда реши, по завршувањето на сезоната, да го напушти клубот.

„Кикер“, пишува дека иако има време, Баерн ќе мора да реагира бидејќи интерес за Коман покажач Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top