Тренерот на Интер, Антонио Конте, рекол дека УЕФА треба да издвои повеќе пари за клубовите. Со оваа изјава, Конте, индиректно ја поддржа идејата за основање на европската Суперлига. Планот на 12 клубови, неколку дена предизвика вистински хаос во фудбалскиот свет. На крајот планот пропадна, откако од новиот проект се откажаа клубовите од АНглија.
„Спортот секогаш треба да се базира на меритократија, но УЕФА не обезбедува доволно пари за клубовите. Едноставно, клубовите мора да бидат наградени со повеќе пари. УЕФА не инвестира пари, тоа го прават клубовите“, рекол Конте.
Со оваа изјава, тренерот на Интер, само потврди дека во европскиот фудбал постои големо незадоволство и покрај тоа што УЕФА извојува победа над европската Суперлига.