Tренерот на Интер, Антонио Конте вели дека ќе има „простор“ и за Кристијан Ериксен во тимот, иако италијанските медиуми тврдат дека тој веќе не смета на него и дека воопшто не го сакал неговиот трансфер од Тотенхем.
Ериксен постигна три гола во два меча за Данска за време на репрезентативната пауза, по што изјави дека секогаш сака да игра за репрезентацијата бидејќи таму тренерот го „сака“.
„Сите ќе добијат шанса во тимот, бидејќи сезоната е долга и има многу мечеви. Важно е сите да покажат што умеат кога се на теренот. Ериксен? Не знам дали игра помалку и повеќе во Интер, но за мене игра сосема доволно време во однос на неговите соиграчите. Можеби грешам, но јас сум задоволен од тоа што носи Кристијан во тимот и мислам дека и тој мисли така. Ќе има место за сите во тимот“, вели Конте.