Клоп разочаран: Мислев дека ВАР е добар за фудбалот, сега не сум сигурен

Клоп разочаран: Мислев дека ВАР е добар за фудбалот, сега не сум сигурен

пред 3 години

Јирген Клоп признава дека го сменил мислењето околу корисноста на ВАР системот во фудбалот, по уште еден контроверзен меч на неговите Ливерпул во Лигата на шампионите.

Денешното 1:1 реми со данскиот Митјиланд донесе многу проверки на ВАР системот – прво Митјиланд добија пенал за фаул од голманот Куивин Келехер над Андерс Дреер, иако напаѓачот прво беше во офсајд. Андреас Шолц постигна гол од пенал за да израмни на 1:1.

Неколку минути подоцна, Шолц повторно даде гол, но овојпат по уште подолга пауза, се покажа дека Сори Каба бил во офсајд и голот беше поништен. Тука не беше крајот. Такуми Минамино постигна гол кој прво беше поништен поради офсајд, иако снимките покажуваа дека Јапонецот не е во недозволена ситуација. ВАР, сепак, одлучи дека Садио Мане играл со рака во градењето ан нападот, нешто што беше малку сомнително.

Иако се работеше за резултатски неважен меч, Клоп не беше задоволен.

„Едноставно беше предолго. Не сакам да зборувам дали беа во право во тешки одлуки, но кога тоа трае три-четири минути е навистина тешко. Јас бев првиот кој велев дека ‘ВАР е супер-идеја’, но веќе не сум сигурен во тоа. Но, сега е тука и мораме да се справиме со системот“, вели Клоп.

Share
Scroll to Top