Корона-експлозија во Њукасл, пет фудбалери заразени со Ковид 19

Корона-експлозија во Њукасл, пет фудбалери заразени со Ковид 19

пред 2 месеци

Следното премиерлигашко гостување на Њукасл во Бирмингем кај Астон Вила е под знак прашае откако се случи корона-експлозија во клубот од северот на Англија.

Според неофицијалните информации, има петмина новозаразени фудбалери во „црно-белиот“ табор и тоа по дуелот со Кристал Палас во кој славеа со 2-0. Најверојатн, бројката на заразени со опасниот вирус ќе оди нагоре.

Тренинг центарот на Њукасл викендот бил затворен, а вчерашните и денешниот тренинг на екипата биле откажани. Сите фудбалери се во изолација до наредното тестирање, па одложувањето на мечот на „Вила парк“ е се поизвесно.

Инаку правилата на Премиерлигата се дека еден меч се одложува само во случај екипата да не може да состави 14 здрави играчи. Клубовите кои имаат проблеми со заразени играчи можат да повлечат засилување од играчите од У-23.

Ова е прв голем случај на зараза во клуб во Премиерлигата.

Share

Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (https://funimationfree.com/m/Evqy) Episode Preview 02 at website https://funimationfree.com best anime on funimation

Watch Kuroko's Basketball 2 Episode 25 (https://animeheaven.pro/m/eD1/ep-25) at website https://animeheaven.pro bleach anime heaven

Scroll to Top