Статистички најлош менаџер во ерата на Роман Абрамович

Статистички најлош менаџер во ерата на Роман Абрамович

пред 3 години

Позициите на Френк Лампард се сериозно разнишани по поразот од Манчестер сити (1:3), во вчерашното дерби, во Премиер лигата. Овој пораз е четврти за Челси на последните шест натпревари. Статистиката покажува дека Лампард е најлошиот тренер во ерата на Роман Абрамович. Рускиот тајкун стана сопственик на Челси во 2003 година.

Челси под водство на Лампард освојува по 1,67 поени по натпревар. Лампард е 12 менаџер во ерата на Абрамович. Тимот го предводел на 55 натпревари, победил 27 пати, 11 пати играл нерешено и забележал 17 порази.

Најуспешен менаџер на Челси е Аврам Грант, кој во просек освојувал 2,31 поен, следува Жозе Мурињо (2,19), Антонио Конте (2,14), Карло АНчелоти (2,07), Рафаел Бенитез (1,96)…

Share
Scroll to Top