Реал Мадрид не успеа да стигне до победа (0:0) на дуелот против Реал Сосиедад и дозволи Барселона да побегне со пет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига. Тимот на Карло Анчелоти не наметна своја игра, немаше стопроцентни шанси пред голот на ривалот, а може да жали за пропуштената можност на Винисиус Жуниор во првиот дел.
Реал Сосиедад добро ги затвори приодите кон својот гол и успеа да освои голем бод на „Сантијаго Бернабеу“.