Крај на една ера – Аморим со луд триумф се прости од Спортинг

Крај на една ера – Аморим со луд триумф се прости од Спортинг

пред 3 дена

Рубен Аморим за последен пат го предводеше Спортинг, а на збогувањето со клубот во кој се етаблираше како тренер забележа импресивна победа во Брага. Спортинг по првиот дел губеше со 2:0, на крајот победи со 2:4.

Спортинг до овој натпревар имаше импресивен настап во сите натпреварувања, десет последователни победи во домашната лига и десет бода од максималните 12 во Лигата на шампионите.

Играчите на Брага мотивирано влегоа во натпреварот, поведоа со голот на Рикардо Орта во 20. минута. Истиот играч по одличната тимска акција зголеми на 2:0 во 45.минута.

Во 58. минута Морита успеа да го намали водството на Брага, а во периодот од 82. до 92.минута на сцена стапија Данците, Хјулманд и Хардер. Повозрасниот Хјумланд изедначи на 2:2, а потоа Хардер со два гола ја запечати судбината на Брага.

Аморим ќе дебитира на клупата на Манчестер јунајтед по репрезентативната пауза, каде што го наследи Ерик Тен Хаг.

Со максимален учинок заминува од Спортинг, го израмни клупскиот рекорд со 11 победи во првите 11 кола, а го остава клубот во одлична позиција во Лигата на шампионите, каде од можните 12 освои 10 бода.

Share
Scroll to Top