Солскјер стравува од Џеко

Солскјер стравува од Џеко

пред 3 години

Манчестер јунајтед против Рома ќе се бори за пласман во финалето, во Лига Европа. „Црвените ѓаволи“, во четврт-финалето ја елиминираа Гранада, а Рома беа подобри од Ајкас.

„Не сум ја гледал Рома оваа сезона. Знам дека против Ајакс одиграа два добри натпревари. Добри се во одбраната. Сите го знаеме Един Џеко, шт значи дека секоја топка во шеснаесетникот е опасна“, рекол менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

„Се радуваме на мечевите со Рома. Тоа е клуб со голема историја, но ние во минатото сме имале добри резултати против италијанските тимови“.

Манчестер јунајтед ќе ја пречека Рома на 29.април, а потоа на 6.мај ќе гостува во Рим. Во второто полу-финале ќе играат Виљареал и Арсенал.

Share
Scroll to Top