Кристал палас му нудат на Лампард враќање во Премиер лигата

Кристал палас му нудат на Лампард враќање во Премиер лигата

пред 4 години

Кристал палас му нуди на Френк Лампард експресно враќање на тренерско место во Премиер лигата, тврди „Дејли телеграф“, посочувајќи го поранешниот тренер на Челси како прв кандидат да го замени Рој Хоџсон.

42-годишниот Лампард е без работа откако во декември беше заменет со Томас Тухел во клубот каде што помина поголем дел од играчката кариера, а бидејќи договорот на 73-годишниот Хоџсон завршува на крајот на сезоната, на „Селхарст парк“ сметаат дека Палас би била совршена шанса за Лампард да ја врати својата репутација.

Лампард беше поврзуван и со местото селектор на У-21 репрезентацијата, но наводно одбил таква понуда. Палас сакаат да го убедат Лампард со буџет од 50 милиони фунти за засилувања, откако тимот не беше во опасност да испадне од Лигата, но немаше ниту многу шанси за влез во горниот дел од табелата.

Share
Scroll to Top