Критики за Де Бур: Холандија не може да игра во формација 5-3-2

Критики за Де Бур: Холандија не може да игра во формација 5-3-2

пред 3 години

Холандија, последниот противник на Македонија во Ц-групата на Европското првенство, подготовките за настап на континенталниот шампионат ги започна со нерешен резултат (2:2) против Шкотска.

Шкотланѓаните, без неколку стандардни играчи, два пати водеа, а Холандија од пораз ги спаси Мемфис Депај.

Медиумите и стручната јавност во Холандија, по мечот го критикуваат селекторот Франк Де Бур за промена на формацијата. „лалињата“, против Шкотска играа во формација 5-3-2.

„Не се согласувам дека експериментот пропадна. Воопшто не сум загрижен. Ова беше првиот меч во оваа формација, дури не игравме во текот на целиот меч во таа формација, на моменти игравме 4-3-3. Не можете веднаш да очекувате дека ќе биде сјајно. Факт е дека имавме и добри моменти“, рекол холандскиот селектор.

„Верувам дека можеме да играме добро во оваа формација, имаме вистински играчи за 5-3-2. Вегхорст и Депај можат полесно да играат во оваа формација. Вајндал може да се уфрла напред, а Де Фрај во оваа формација игра в Интер, од друга страна нашите играчи во редот за врска се универзалци, можат да играат на повеќе позиции. Во формација 4-3-3 побрзо се прави притисок врз противникот, но се троши повеќе сила“, рекол Де Бур.

Холандија, првиот меч на ЕП ќе го одигра против Украина на 13.јуни, дуелот со Македонија е последен во Ц-групата, ќе се одигра на 21.јуни во Амстердам.

Последната проверка пред почетокот на ЕУРО 2020, Холандија ќе ја има во недела против Грузија.

Share
Scroll to Top