Кулушевски: Првата сезона во Јуве поминува лошо

Кулушевски: Првата сезона во Јуве поминува лошо

пред 4 години

Дејан Кулушевски, шведскиот репрезентативец со македонско потекло, признава дека неговата прва сезона во Јувентус е разочарувачка и посочува дека клубот секогаш мора да е фаворит за титулата.

Јувентус заостануваат дури 10 поени зад Интер на врвот на Серија А, со што се во опасност по девет скудета во низа да останат без трофеј.

„Сезоната беше крајно разочарувачка. Мора секогаш да почнуваме со главна цел да се освои титулата. Не беше лесно да се пристигне во Јувентус на 20 години. Многу работи ми беа нови, и затоа се мачев, но мислам дека малку сум подобар во последно време. Не сум навикнат на толку промени, но знам дека мора да играм подобро и да нудам резултати. Мораме да ја поправиме атмосферата во тимот. Не можеме да се фокусираме на Кристијано Роналдо и неговата иднина, ќе видиме што ќе се случи“, вели 21-годишниот Швеѓанец.

Share
Scroll to Top