Капитенот на Јувентус и на шампионската италијанска репрезентација, Џорџо Кјелини, конечно, стави потпис на двегодишно продолжување на договорот со „бјанконерите“, по што ја искажа својата животна филозофија: „Живеј во моментот!“.
Кјелини беше слободен агент од 30 јуни, и покрај тоа што ја предводеше Италија до европската титула, но сега со продолжението значи дека по крајот на договорот ќе помине неверојатни 19 години во својот клуб.
„Подобро да не размислувам за тие бројки, бидејќи ме прават да се чувствувам уште постар. Среќен сум, иако ова беше само формалност, има некои чекори во животот кои се многу важни. Пристигнав тука како момче, а сега сум дел од семејството, зрела личност која ужива во секој момент од овие последни активни години. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот да освои нови титули, што секогаш е најважно во Јувентус. Мојот однос со клубот е над сите работи. Немав сомнеж дека ќе останам тука. Живеј во моментов, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Кјелини.
? «Un passaggio importante della mia vita. Sono arrivato che ero un ragazzo, adesso mi sto godendo ogni istante. Voglio aiutare la Juve a vincere altri titoli»
Parola di Giorgio @chiellini ➡ https://t.co/qGmjrjmsqA#Chiellini2023 pic.twitter.com/Th4amLQJLh
— Juventus TV (@JuventusTV) August 2, 2021