Легендата на Баерн Минхен, Филип Лам во својата неодамна објавена автобиографија има совет за фудбалерите кои се хомосексуалци и кои сакаат да ја признаат својата сексуална ориентација: Не го правете тоа.
Поранешниот капитен на германската репрезентација смета дека фудбалската јавност уште не е доволно созреана да го прифати тоа.
„Има недостаток на прифаќање во светот на фудбалот и во општеството. Не можете да сметате на зрелоста на вашите противници на теренот, ниту на стадионите на кои се натпреварувате. Ќе мора да трпите навреди и понижувачки коментари. Кој би го прифатил тоа“, се вели во извадокот кој го објави „Билд“.
Тој додава дека е мудра одлуката на неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Томас Хицшпергер да открие дека е хомосексуалец по крајот на играчката кариера.