Лудница од скриена камера, „жртва“ е Горан Пандев

Лудница од скриена камера, „жртва“ е Горан Пандев

пред 3 години

Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер, во Италија бил „жртвата“ во скриената камера на телевизијата „Медиасет“.

За целата местенка да помине според предвиденото сценарио помогнале капитенот на Џенова, Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.

Корси е тој кој му соопштува на Пандев дека клубот решил да го продаде во Индија.

„Доста Корси…Си полудел ли? Да не си пијан? Што зборуваш“, му вели Пандев на Корси.

Менаџерот му соопштува на Пандев дека за три сезони во Индија ќе заработи 72 милиони евра, плус може да добие и бонуси од 10 милиони евра.

„Каков Ченаијин, каква Индија. Попрво би си пукал во уста“, реагира Пандев.

На овој линк може да ја погледнете скриената камера.

Share
Scroll to Top