Лапорта: Барселона е како Ф1 болид без гориво и со запленет мотор

Лапорта: Барселона е како Ф1 болид без гориво и со запленет мотор

пред 2 месеци

На вечерашното итно собрание на Барселона, претседателот на клубот, Жоан Лапорта и потпретседателот задолжен за маркетинг, Жули Гују ги објаснија последните финансиски одлуки на клубот, со кои се надеваат дека ќе се надминат финансиските проблеми наследени од претходниот претседател, Жозеп Марија Бартомеу.

На распоред беа одобрувања на две главни одлуки – дозволување на еден или повеќе инвеститори да имаат малцинска сопственост во „Barça Licensing & Merchandising“, компанијата преку која ќе се води бизнисот на клубот, како и одобрување инвеститорите да добијат до 25 отсто од пруходите од ТВ-правата.

„Решаваме клучни работи кои влијаат на сегашноста и на иднината на нашиот клуб. Собранието е свикано со цел да се пронајдат решенија за подобрување на економската состојба на клубот, што е клуч за сите наредни планови. Кога пристигнавме се најдовме во многу компликувана финансиска ситуација и во мај не можевме да ги исплатиме платите. Инвеститорите бараа враќање на 200 милиони евра кои едноставно ги немавме. Бевме болни и денеска може да се зборува за Барселона како за Ф1 болид, но без гориво и со запленет мотор. Денеска бараме поддршка за економски препород, за Барса повторно да има свои пари со кои ќе ги врати долговите и ќе направи конкурентен тим“, изјави Лапорта.

Share

sunwin apk

sun win

sun win

sunwin web sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất

game sunwin tải sunwin game sunwin

Scroll to Top