Ла Лига ги налути навивачите – Ел класико ќе се игра во дневен термин

Ла Лига ги налути навивачите – Ел класико ќе се игра во дневен термин

пред 3 години

Ла Лига го објави времето на одигрувањето на првото Ел класико оваа сезона. Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, предизвика револт кај навивачите на Реал и Барселона, со одлуката, дербито кое во 10.коло ќе се игра на „Камп Ноу“, на 24.октомври, да започне во 16.15 часот.

Пладневниот термин не е популарен кај навивачите во Шпанија, особено не кога треба да се игра најголемото дерби во светот.

Тебас нема проблем со терминот, тој успеа да ги задоволи барањата на оное кои скапо ги плаќаат телевизиските права. Терминот е направен за да можат да го следат фудбалските фанови во Азија.

Престојното дерби ќе биде прво по 1.март 2020 година кое ќе се игра пред полни трибини.

Минатата сезона, двата дуели им припаднаа на фудбалерите на Реал. Во Барселона резултатот беше 3.1, а во Мадрид 2:1 за Реал.

Share
Scroll to Top