Екипата на Леванте испушти победа во првото коло од новата првенствена сезона на гостувањето кај Кадиз.
Иако тимот во кој настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди имаше водство на натпреварот уште од 39 минута, сепак во последните секунди загубија два веќе впишани бодови.
Хозе Луис Моралес во 39. минута од 16-тина метри го доведе тимот од Валенсија до предноста, а конечните 1-1 во 97 минута ги постави Еспино.
Барди влезе од клупата за резерви во 63 минута.
На Мајорка домашниот тим одигра 1-1 против екипата на Бетис.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски не беше во составот за овој меч, но тоа не му пречеше на Оливан во 25 минута домашните да ги доведе во водство.
Бодот за гостите го донесе Хуанми, по асистенција на Факир, во 59-тата минута од средбата.