Легендарната Бразилка Марта ќе се ожени за фудбалерка!

Легендарната Бразилка Марта ќе се ожени за фудбалерка!

пред 4 години

Легендата на женскиот фудбал, Бразилката Марта Виеира да Силва, на Инстаграм потврди дека ќе се ожени со својата девојка, американската фудбалерка Тони Пресли.

34-годишната Марта, која е синоним за женскиот фудбал во Бразил и шесткратна освојувачка на наградата најдобра фудбалерка заедно, игра заедно со Пресли во американскиот клуб Орландо пајратс веќе две сезони.

„Да“, напиша Пресли на својот Инстаграм профил со свршенички дијамантски прстен, додека Марта со истата фотографија додаде: „Ова е уште едно поглавје во приказната која ја пишуваме заеднички“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Toni Deion Pressley ?? (@tonideion)

Share
Scroll to Top