Селта му го нанесе четвртиот пораз во низа на Леванте, Барди одигра 60-тина минути

Селта му го нанесе четвртиот пораз во низа на Леванте, Барди одигра 60-тина минути

пред 3 години

Селта со 2:0 го совлада тимот на Леванте, за да ја продолжи лошата низа на тимот на македонскиот репрезентативец, Енис Барди, кој сега има четири порази едноподруго.

Брас Мендез го скрши отпорот на гостите во 51. минута, пред Аугусто Солари да го потврди триумфот во 74. минута. Барди одигра до 68. минута кога беше заменет со Рубен Рочина.

Селта се на одличното деветто место со 44 поени, додека Леванте останува на 12. место со 38 поени со само четири кола до крајот на шампионатот.

Share
Scroll to Top