Легендарниот Јакин е новиот селектор на Швајцарија

Легендарниот Јакин е новиот селектор на Швајцарија

пред 3 години

Легендата на швајцарскиот фудбал, Мурат Јакин, го наследи Владимир Петковиќ, на кормилото на националниот тим.

Петковиќ, отстапи од селекторската функција по завршувањето на Европското првенство. Швајцарија, во четврт-финалето, испадна на пенали од Шпанија, откако претходно во осмина-финалето ја елиминираше Франција.

Јакин 49 пати го носел дресот на Швајцарија, на функцијата селектор, доаѓа од позицијата прв тренер во второлигашот Шафхаузен.

Тренерската кариера, ја започнал во 2006 година, како помошник во Конкордија од Базел, асистент тренер бил и во Грасхоперс. Како прв тренер ги предводел Феенорд, Тун, Луцерн, Базел, Спартак од Москва и Грасхоперс.

Официјалното деби, Јакин ќе го има на почетокот на септември, кога во квалификациите за Светското првенство, Швајцарија ќе ја пречека Грција.

Share
Scroll to Top