Презакажан мечот Јунајтед-Ливерпул, „ѓаволите“ со три меча во пет дена!

Презакажан мечот Јунајтед-Ливерпул, „ѓаволите“ со три меча во пет дена!

пред 3 години

Одложениот меч Манчестер јунајтед-Ливерпул е презакажан за 13 мај, четврток, што значи дека тимот на Оле Гунар Солскјер ќе мора да одигра три меча од Премиер лигата во само пет дена.

Дуелот на „Олд Трафорд“ беше откажан во неделата, откако илјадници навивачи на Јунајтед протестираа против американските газди, семејството Глејзер, по што дел од нив влегоа на теренот, а дел го блокираа хотелот каде што беа сместени играчите на Јунајтед.

Ова значи дека следната недела, Јунајтед играат со Астон вила, по што имаат ден одмор, па играат со Лестер во вторник, па по ден одмор се соочуваат со стариот ривал Ливерпул.

Share
Scroll to Top