Ленон си замина од Селтик

Ленон си замина од Селтик

пред 4 години

Нил Ленон повеќе не е тренер на Селтик. Клубот соопшти дека тренерот поднел оставка, која била прифатена.

„Од многу проживеавме тешка сезона. Фрустириран сум и разочаран што не успеавме да играме на ниво на кое бевме претходните години. Работев напорно, но не успеав“, рекол Ленон по оставката.

Селтик, во неделата, доживеаја пораз од Рос Каунти, па на табелата имаат 18 поени помалку од најголемиот ривал Глазгов Ренџерс.

Нил Ленон, се врати на клупата на Селтик во февруари 2019 година, кога Брендон Роџерс се пресели во Лестер.

Клубот соопшти дека до крајот на сезоната тимот ќе го предводи досегашниот асистент на ленон, Џон кенеди.

Share
Scroll to Top