„Летечки“ старт на Италија – „аѕурите“ ја декласираа Турција

„Летечки“ старт на Италија – „аѕурите“ ја декласираа Турција

пред 3 години

Италија на Роберто Манчини имаше совршен старт на Европското првенство, откако на „Олимпико“ во Рим со 3:0 ја декласираа Турција во првиот меч на шампионатот.

Пред домашната публика, по спектакуларното отварање на ЕУРО 2020, Италијанците започнаа одлично, и во првото полувреме редеа шанси, но не успеаја да ја пробијат цврстата одбрана на Турците, кои го имаа и Чакир на голот, кој спречи една одлична шанса. Во 45. минута, Италијанците беа сигурни дека се оштетени за пенал кога обидот на Спинацола заврши во раката на Челик, но холандскиот судија Дени Макели не подлегна на притисокот.

Италија, конечно, стигна до водство во 53. минута, кога фудбалерот на Јувентус, Месих Демирал ја смести топката во сопствената мрежа, за само 13 минути подоцна, Чиро Имобиле да се најде на вистинското место по една хаотична ситуација пред голот на Чакир и да зголеми на 2:0. Лоренцо Инсиње во 79. минута по лошата интервенција на Чакир доби топка од Имобиле и со фантастичен потег ги постави конечните 3:0.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top