Лејкерси пред елиминација, Бруклин го минаа Бостон

Лејкерси пред елиминација, Бруклин го минаа Бостон

пред 3 години

Актуелните шампиони во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс се наоѓаат пред елиминација во плеј-офот. Финикс Санс до водство во серијата од 3:2 дојдоа со убедлив триумф 115:85. За разлика од Лејкерси, првата рунда во пет натпревари ја минаа Бруклин Нетс.

Финикс, во Аризона, го декласираа составот на актуелниот шампион. Лејекрси без Ентони Дејвис, немаа никакви шанси против расположените домаќини, во чии редови се истакна Девин Букер со 30 поени.

Леброн Џејмс на спротивната страна постигна 24 поени, погоди девет од 19 шутеви, Кајл Кузман уфрли 13, а Хортон-Такер 11 поени.

Катастрофален меч за Лејекрси одигра Германецот Денис Шрудер. Тој ги промаши сите девет шутеви и стана првиот играч на Лејкерси кој во плеј-офот не погодил ниту еден од девет шутеви.

Шестиот меч од оваа серија се игра во Лос Анџелес за два дена.

Бруклин Нетс, во петтиот меч ги победија Бостон Селтикс со 123:109 и со 4:1 се пласираа во конференциското полу-финале.

Селтикс немаа решение за големата тројка на Бруклин. Џејмс Харден забележа трипл-дабл од 34 поени и по 10 скока и асистенции, Кари Ирвинг постигна 25, а Кевин Дурент 24 поени.

Големата тројка во серијата со Бостон во просек постигнуваше по 85,2 поени.

Бруклин во наредната рунда ќе играат против Милвоки Бакс.



Share
Scroll to Top