Ливерпул во јануари го носат Кабак како замена за Ван Дајк

Ливерпул во јануари го носат Кабак како замена за Ван Дајк

пред 8 месеци

Ливерпул ги почнале преговорите со Шалке за трансфер на младиот Озан Кабак, за кого Јирген Клоп смета дека ќе биде совршена замена за Вирџил ван Дајк во јануари, тврди „Мирор“.

Англиските шампиони се ослабени со отсуството на Ван Дајк, кој го повреди коленото при Мерсисајд дербито со Евертон и најверојатно ќе биде отсутен до крајот на сезоната. Без него во центарот на одбраната постои голема „дупка“, и засега Фабињо е негова замена.

Клоп високо го цени 20-годишниот турски репрезентативец и се веруваше дека ќе направеше обид да го донесе во летниот преоден рок да не беше корона вирусот и намалувањето на приходите на клубот. Шалке го ценат Кабак на 40 милиони фунти, но се верува дека Ливерпул се подготвени да дадат до 20 милиони фунти.

Кабак е само една сезона во Шалке откако направи трансфер од Штутгарт во текот на летото 2019 година, откако претходно играше за Галатасарај.

Share

ANIMEFLIX sites like animeflix: Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 11 (https://animeflix.nl/m/j4DD/ep-11)

KissAnime kissanime haikyuu: Watch Redo of Healer Episode 11 (https://kissanimeonline.com/m/r74g/ep-11)

Scroll to Top