Лига на шампиони: Барселона-ПСЖ, Челси во Мадрид кај Атлетико

Лига на шампиони: Барселона-ПСЖ, Челси во Мадрид кај Атлетико

пред 4 месеци

Барселона-ПСЖ и Атлетико Мадрид-Челси се дерби натпреварите кои ќе се одиграат во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Денешната ждрепка во Нион донесе и две пресметки на германски и англиски тимови. Актуелниот првак Баерн, во оваа рунда ќе игра против Лацио.

Првите натпревари од осмина-финалето ќе се играат на 16. и 17., односно 23. и 24. февруари наредната година, а реваншите ќе се играат на 9. и 10., односно 16. и 17. март. Финалето на програмата ќе биде на 29. мај во Истанбул.

1/8 финални двојки во ЛШ:

Борусија-Менхенгладбах-Манчестер сити
Лацио-Баерн Минхен
Атлетико Мадрид-Челси
Лајпциг-Ливерпул
Порто-Јувентус
Барселона-ПСЖ
Севилја-Борусија Дортмунд
Аталанта-Реал Мадрид

Share

ANIMEFLIX animeflix howls moving castle: Watch Horimiya Episode 13

GoGoAnime gogoanime 9: TONIKAWA: Over the Moon For You (https://gogoanime.be/m/B1ov) Episode 12

Scroll to Top