Лукаку донесе нова победа за Интер, Јувентус посилен од Наполи

Лукаку донесе нова победа за Интер, Јувентус посилен од Наполи

пред 2 недели

Интер се наоѓа на чекор до освојувањето на титулата од Серија А, откако стигнаа до сигурна 2:1 победа над Сасуоло да се одвојат 11 поени пред Милан на табелата, додека Јувентус, во тоа што беше најавуван како клучен меч за иднината на Андреа Пирло стигна до 2:1 победа над Наполи.

Ромелу Лукаку повторно беше прва ѕвезда за тимот на Антонио Конте, откако прво во 10. минута го постигна својот 25. гол за „нераѕурите“ оваа сезона, за во 67. минута да му асистира на Лаутаро Мартинез за обезбедување на победата. Хамед Траоре во 85. минута го направи финишот поинтересен, откако постигна гол за Сасуоло.

Интер сега имаат 71 поен на врвот на табелата на 10 меча до крајот на сезоната, Милан се втори со 60, а Јувентус сега трети со 59 поени.

На „Алијанц стадионот“ во Торино пак, се одигра мечот кој во октомври контроверзно не беше одигран, по што првично беше доделена службена 3:0 победа за Јувентус, пред Италијанскиот олимписки комитет да нареди преигрување.

Италијанските медиуми тврдеа дека Андреа Пирло сигурно ќе добие отказ ако биде поразен од Наполи, тимот предводен од неговиот поранешен соиграч и добар пријател, Џенаро Гатузо, но за тоа да не се случи се погрижија Кристијано Роналдо и Пауло Дибала. Роналдо уште во 13. минута донесе водство за „бјанконерите“ откако неколку минути претходно промаши неверојатна шанса, а Пауло Дибала, по подолга пауза влезе како замена и во 73. минута со прецизен удар обезбеди 2:0 водство.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, повторно не доби многу минути за Наполи, влегувајќи во игра во 73. минута на местото на Дрис Мертенс. Наполи во 89. минута успеа да намали на 2:1 откако Лоренцо Инсиње беше прецизен од белата точка.

Наполи сега се на петтото место во Серија А со 56 поени, два помалку од четвртопласираната Аталанта.

Share

AnimeTV gogo anime tv kissanime: Boku no Hero Academia 5th Season (https://animetv.cc/m/17Yn) Episode 3

KissAnime kissanime boku no hero: Watch Fire Force Season 2 Episode 15 (https://kissanimeonline.com/m/gj6V/ep-15)

Scroll to Top