ЛШ класика во Истанбул – Лајпциг го „поништи“ хет-трикот на Кахвеџи

пред 5 месеци

РБ Лајпциг стигна до луда 4:3 победа на гостувањето кај Башакшехир, поништувајќи го хет-трикот на Ирфан Кахвеџи и поставувајќи притисок на Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен пред вечерашното дерби. Краснодар, пак, ја прослави својата прва победа во ЛШ откако со 1:0 ги победи Рен во меч кој може да биде клучен за тоа кој ќе продолжи во Лига Европа од групата Е. Јусуф Поулсен го донесе тимот на Јулијан Нагелсман во водство во 26. минута, за во 43. минута, Норди Мукиеле да зголеми на 0:2. Надежите на домаќините, кои досега ги победија само Јунајтед во Истанбул, ги загреа Ирфан Кахвеџи со гол во 45. минута. Дани Олмо со фантастичен гол во 66. минута ја врати предноста од два гола, додека Кахвеџи во 72. минута повторно ја врати неизвесноста, за во 85. минута со прекрасен гол од слободен удар да израмни на 3:3. Норвежанецот Александер Сорлот беше човек на одлука, откако Норвежанецот со гол во 92. минута донесе победа за гостите. Со овој резултат, Башакшехир веќе не е во игра за пласман во осминафиналето на ЛШ, а Лајпциг се израмнува со Манчестер јунајтед на 9 поени, пред ПСЖ со 7 во интересна борба за две места во осминафиналето. Во последното коло, Лајпциг ги пречекуваат Јунајтед, а ПСЖ ги пречекуваат Башакшехир. ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО ГРУПА Х Башакшехир – РБ Лајпциг 3:4 Манчестер јунајтед – ПСЖ 21.00 ч. Табела : 1.Манчестер ј. 9, 2.Лајпциг 9, 3.ПСЖ 6, 4.Башакшехир 3 ГРУПА Е Краснодар – Рен 1:0 Севилја – Челси 21.00 ч. Табела : 1.Челси 10, 2.Севилја 10, 3.Краснодар 4, 4.Рен 1

Share
Scroll to Top