Мазепин се жали: Мик Шумахер е побрз бидејќи има поддршка од Ферари

Мазепин се жали: Мик Шумахер е побрз бидејќи има поддршка од Ферари

пред 4 години

По катастрофалниот старт на Формула 1 кариерата, Никита Мазепин вели дека неговиот колега од тимот на Хас, Мик Шумахер има предност бидејќи зад себе ја има поддршката на Ферари.

Шумахер Јуниор, синот на легендарниот Михаел Шумахер, на пример, доби шанса да вози болид на Ферари стар две години во Фиорано, и постојано има пристап до симулаторот на тимот.

„Во Хас немаме симулатор, така што мораме да ги користиме симулаторите кои повеќето возачи ги имаат дома. Бидејќи не сум член на академијата на Ферари, немам привилегија да имам достапно симулатор кога ми е потребен. Затоа ќе се подготвувам за трката во Москва“, вели Русинот.

Иако Мазепин можеби е во право, тешко е да се чувствувате лошо за него, посебно бидејќи е во Формула 1 само бидејќи неговиот татко, рускиот милијардер Дмитриј Мазепин е спонзор на тимот на Хас, а минатата година му купи приватна тест-програма со Мерцедес.

22-годишниот Мазепин немаше најдобро деби во Ф1 – на првата трка во Бахреин излета на првата кривина, а на трката во Имола двапати се изврте и трката ја заврши два круга зад ривалите и далеку зад Шумахер Јуниор.

Share
Scroll to Top